Несекојдневна дегустација на вината на „Вино Жупа“ и „Повардарие“

Виното се смета за најстар производ на човештвото. „Во виното е вистината“, “убавото вино не се гледа од етикетата“, „старото вино и старите пријатели се поскапи од се“, „Девојката се љуби додека е млада, а виното се пие дури и старо“, Бог ја создал водата, виното човекот“. Ова се само дел од многубројните изреки за виното, а синоќа во прекрасниот амбиент на Биљанини извори, имаше несекојдневна дегустација на вино. Секое вино си има своја приказна, вели Горан Станковиќ, генерален менаџер на корпорацијата „Вино Жупа“ од Александровац и „Повардарие“ од Неготино.
„Ние може да се пофалиме дека сме моментално најголеми производители на вино, најголеми производители на соковни култури во цела југоисточна Европа, така да мене ми е чест да работам за оваа компанија. Би сакал да укажам на сите да пробаат, она што природата го дала природно, бидејќи нашето лого на „Вино Жупа“ и „Повардарие“ е „Ние продаваме овошје што се пие и ние продаваме грозје што се пие“.
Станковиќ истакна дека основната цел на синоќешната презентација е доближување на нивните производи до коминтентите, да пробаат од нивниот асортиман, бидејќи според него последниот збор го имаат крајните потрошувачи.
„Ние воведуваме еден нов тренд на работа во маркетиншкиот дел, каде што сакаме да се доближиме тет а тет со нашите комитенти, да го пробаат виното во чаша, едно е кога го гледаат пред малите екрани, друго е кога ќе го пробаат во чаша…нашиот дел од маркетингот е тоа….тогаш може да разговараме во делот дали сме успешни или не“
„Вино Жупа“ заедно со „Повардарие “ работи веќе 8 години на пазарот. Нивните производи комплетно се застапени на македонскиот пазар како и во земјите од бивша Југославија, но ги има и во Русија, Германија, Кина, Полска и во Чешка, каде имаат сопствена винарија.
Инаку, синоќешниот настан предизвика голем интерес кај угостителите од охридско – струшката ревиера, кои беа присутни во голем број. Дел од нив сметаат дека вакви настани треба почесто да има. Секако голем дел во организација на еден ваков настан имаше и домаќинот Климе Василески, Четкар, сопственикот на ресторанот Билјанини Извори кој отстапи дел од својот простор за дегустација на вината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *