Додека светот беше концентриран на европското првенство во Франција на натпреварот Франција – Португалија, децата од Кавадарци и Велес кој годишниот одмор го минуваат во прегратките на детското одморалиште „Михајлово“ овој викенд беа сконцентрирани на финалните игри на централниот подиум од детската олимпијада и летниот маскембал.
Беше тоа незаборавно неделно попладне на 10 јули 2016, игри без граници, селфи фестивали, караоке, диско, избор на мис и маска „Михајлово“ 2016, фудбал, кошарка, пинг понг, добри учителки, одлични аниматори, гостопримливи домаќини и многу гости. Зарем 1200 метри надморска височина и недопрената природа не е инспирација?
Децата од цела Македонија и другарчињата од основните училишта од градот домаќин, Кавадарци со песна и игра Ве повикуваат во „Михајлово“ ова лето…
Добредојдовте…