Топлото време во Тиквешијата го забрза зреењето на грозјето, кое според агрономите се наоѓа во одлична кондиција. Годинава ке има квалитет и квантитет. Условите за лозаропроизводтсво засега погодуваат, и ако не падне град, не очекува рекордно родна година на грозје во најголемиот лкозаровинарски регион во Македонија.
Денеска индивидуалниоит лозаропроизводител Стојан Галапчев не информиреа дека го скинал првото трпезно грозје во Тиквешијата.
„Зрело е и благо, а и количината која ја набрав, за почеток не е мала. Четири гајби продадов по 40 денари, а најавувам дека имам уште да берам од ова црна рана десертна рана сорта на грозје која секоја година ја најавува мојата, но и бербата во Тиквешијата“ – вели Галапчев.
Тој вели дека деновиве очекува да набере околу 400 килограми од раните сорти кои ги поседува на лозје во реонот на село Возарци. Купувачите веднаш го зеле грозјето, а тој успеа да зачува еден грозд за да им покажеме на граѓаните дека гроздоберот во Тиквешијата веќе започна.
Марјан Димитров