Берба на -7 степени за совршено ледено вино

За леденото вино знаеле уште старите Римјани. Поетот Marcus Valerius Martialis во своите дела споменувал винари кои на крајот на ноември берат замрзнато грозје, а античкиот писател Плиние во првиот век напоменал дека постојат сорти кои се берат многу подоцна од останатите.

 
Наведените факти докажуваат дека за леденото вино се знаело уште пред многу години и тоа не е плод на некој нов тренд или случајност иако му се изгубила трагата се до 18-тиот век кога повторно го „откриле“ французите.
Леденото вино е популарно познато и како eiswein, и е вистинска реткост на пазарот и како такво има и своја цена (половина литар чини околу 60 евра).

inniskillin grapes and vine

Производството е навистина голем предизвик затоа што гроздовите се берат на температура од -7 степени Целзиусови, со голи раце.
Познавачите се согласуваат дека високата цена на леденото вино е оправдана. Ароматичниот и сладок eiswein се пие како десерт или аперитив, а бербата се смета за врв на лозарската сезона. Освен што не се носат ракавици, берачите на лозјето мора да бидат точно во зората заради пониски и поповолни температури за грозјето отколку оние во текот на денот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *