Органско вино за „зелен“ секс

Откако светот почна да користи еко светилки и се она со што ја чуваме планетата, има начин истото тоа да го правите и во креветот. Интимноста во креветот е здрава не само за вашата врска, туку и за околината, барем така велат екологистите кои сега препорачуваат и „зелен“ секс.
Органско вино – кога ќе посакате романтична вечера, земете органско вино, односно вино од органско грозје. Во него нема да најдете никакво ѓубриво, пестициди и други синтетички хемикалии.
Органски лубриканти – сега може да се најдат органски лубриканти кои немаат петрохемиски состав.
Постелина од бамбус – можете вашата постела да ја прекриете со специјална прекривка направена од бамбус, скапа е да, но е одгледувана без пестициди и опасни хемикалии.
Еколошки долен веш – тој се изработува од свилен коноп, органски памук, бамбус и други здрави билки.

partner-with-red-wine
Презервативи кои ја чуваат околината – не звучи најпримамливо, но постојат презервативи од кожа на овци кои лесно се разградуваат.
Дрвени рачки – изработени од природно дрво, прекриени со кожа, а игледаат како интересни секс лисици
Вибратори без фталат – сега постојат и еколошки вибратори кои се изработуваат од еластомер материјал, кој во себе нема латекс и не содржи фталат.
Локално цвеќе – обидете се вашата соба да ја освежите со локално цвеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *