Француски парадокс – Зошто треба да пиете црно вино?

Постои ли поголемо уживање од чаша црно вино полна со сладок мирис, силен вкус и убава темно црвена боја? Имаме добри вести за оние кои го обожаваат овој пијалок – експертите велат дека црвеното вино е одлично за здравјето. Погледнете!
Научниците откриле дека ресвератролот кој го содржи црното вино го брани нашето тело од голем број бактерии. Но, има и многу други здрави состојки освен ресвератрол кои црното вино ги содржи.
Французите, кои секојдневно пијат бар една чаша црно вино скоро и да немаат онколошки проблеми и прблеми со кардио-васкуларни заболувања иако нивниот начин на исхрана ги поттикнува овие болести. Научниците ова го нарекуваат Француски парадокс и веруваат дека ваквиот резултат е токму поради секојдневното конзумирање на црно вино.
Еве неколку научни факти за црното вино.

• Антиоксидантите кои ги содржи црното вино го заштитуваат телото од онколошки заболувања.

• Моносахаридите го подобруваат имунолошкиот систем.

• Ресвератролот помага при слабеење и ја нормализира брзината на метаболизмот.

wine-health-ppcorn
• Црното вино е богато со полифеноли кои ги зацврстуваат вентилите во вашето срце и го подобруваат испумпувањето на крв во вените и артериите т.е ја подобруваат циркулацијата.

• Со подобрна циркулација и побрз проток на крв до мозокот се намалува и ризикот од појава на болеста Алцхајмер.

• Ресвератролот ги зацврстува капиларите во очите со што спречува појава на очни заболувања.

• И за крај, црното вино го намалува создавањето на хормонот адреналин со што го намалува и нивото на стрес во организмот.
Затоа раскомотете се, седнете во вашата омилена фотелја, сипете си чаша црно вино и уживајте додека виното прави чуда во вашиот организам.

Наздравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *