Поезија на етикетите на „Тиквеш“

Учесниците на 55-тите Струшки вечери на поезијата имаа несекојденвна можност да пишуваат поезија со вината на „Тиквеш“. На празни етикети со вина од едицијата „спешл селекшн“ оставија свои стихови. Уникатните шишиња со стихови од светската поезија ќе останат во колецијата на Винарската визба Тиквеш и Струшките вечери на поезијата.

tikves5
Винарската визба „Тиквеш“ и Струшките вечери на поезијата имаат богата заедничка историја. Во 1973 година создадено е виното „Т’га за југ“ во чест на манифестација „Струшки вечери на поезијата“. При една од посетите на група поети учесници на Струшките вечери на поезијата на винарницата, истите предложиле новото вино направено во нивна чест да се вика токму „Т’га за југ“, според истоимената поема на познатиот македонски поет Константин Миладинов.

tikves4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *