Честит 7ми Септември Кавадарци

Во мојот град, ништо не се почитува повеќе од виновата лоза и грозјето, што низ векови го инспирира уметникот и неговиот креативен ум.
Во мојот град, лозарот е коренот на македонската душа, на традицијата и љубовта, на песната и големото добредојде.
Преку уметност, песна, убав збор, ладна ракија овдешниот човек се обврзал дедовите тајни да ги остави во наследство со аманет за идните генерации, за да се памети.

кавадарци_градоначалник__2_
Ве уверувам дека секој кој навратил случајно или намерно, не останал рамнодушен и се враќал повторно, и повторно и повторно…
Горд сум на мојот град, и на тебе пријателе, затоа дозволете ни, да Ви ја раскажеме најубавата винска приказна од моето Кавадарци…
Приказна на боемите

12557745_10204079945157752_15224171_o - Copy

01.09.2016, четврток, 19 часот и 45 минути

А се започна тоа четврточно приквечерие на градскиот плоштад во Кавадарци на зајдисонце. Беше први септември. Песната од златното грло на пеачот кој се заколнал на вечна љубов кон творештвото на Никола Бадев се слеа по градскиот плоштад. Таа врнежлива вечер ги задржа на градскиот плоштад само најверните, иако да бидеме искрени, беа малку. Сепак дождот таа вечер го најави бериќетниот викенд кој му се случи на Кавадарци.
02.09.2016, петок, точно на пладне, Музеј галерија на град Кавадарци

Чаршијата во Кавадарци со векови живот значела не само за кавадарчани, туку и за сите оние мали и големи трговци кои повеќе намерно отколку случајно поминувале и битосувале низ неа. Запишани безброј приказни, почнувајќи од првата на големиот патеписец Евлија Челебија, па завршувајќи до оваа која ние ја споделуваме со вас, и фотографии од времињата минати забележани од авторите Петре Камчевски и Димитар Мурџев.

26

Оваа безвременска изложба го принуди истражувачкиот тим на www.vinotika.mk да прокопа длабоко во своите архиви и да ја пронајде најубавата боемска песна која иако сеуште неотпеана ја споделуваме со Вас:

Мислата ме води до стара чаршија,
Приказни за еснаф, кружат по традиција,
Мајстор калфа учи да почитува
Велат таков живот имала Тиквешијата
Денес светот малку е поразличен,
Животот е суров и динамичен,
Сакам да се врати една стара навика
Да се памти градот наш за век и векова
Кавадарци, на душа топлина и даваш
Со векови не се предаваш
Ние сме со тебе, во срца тајна чуваме
На секој успех нов се радуваме

Лоза, род и грозје,
Лозар, бочва, ракија,
Виното е гордост,
Капка божија,
Аманет од стари велат не се оддава
Тоа се наши тајни како библија

Во продолжение од денот пристигнување на странски делегации и карневалски поставки, а како се спушти сонцето над Љубаш на градскиот плоштад се разлеаа звуците на уникатните „Фолтин“ кои ја размрдаа публиката дојдена од сите страни на земјата, за кулминацијата на вечерта да се случи на концертот на „Рибља Чорба“ кои со своите безвременски хитови ги вратија постарите во својата младост, а на новите генерации им дадоа можност за прв пат да ги слушнат во оригинална изведба песните на нивните родители.

14237686_1306709896005858_498496141885309961_n
Иако денот и официјално заврши, гроздоберската агенда продолжи и по полноќ, но на сосема друг дел од градот, во природните убавини на Моклиште, каде е лоциран и истоимениот ексклузивен ресторан, кој годинава беше домаќин на најубавите кавадарчанки.

_DSC0196

Традиционалниот избор на Тиквешка винска убавица е составен дел од гроздоберската приказна. Оваа 2016та година за прв пат од осамостојувањето на Македонија, со сигурност можеме да кажеме дека беше најгламурозната вечер под кавадаречкото ѕвездено небо. Ревија на убавина, младост и гламур, богата културно-уметничка програма, видни гости, и неизбежниот градски церемонијал мајстор Душко Стефанов.

_DSC0236

Изборот да бидат синоним на кавадаречката убавина и младост годинава падна на Ивана Малкиќ и Александар Маринковиќ кои веќе утредента ја имаа честа како вински крал и кралица да го предводат овогодинешниот вински карневал.

41472944068_thumb_medium500_
03.09.2016 сабота

Спортското саботно утро го најави централниот гроздоберски ден. Градската атракција за 2016 година Тиквешки точакџии го отворија денот со ревијално возење до Моклиште, во спортската сала „Јасмин“ ново издание на традиционалниот турнир во женска кошарка „Сестри Китеви“, на градскиот плоштад уште една традиција на вечните ривали во табла. Паузата за одмор пред вечерните централни настани буквално ја немаше.

14138844_619933061513278_2745483331116486538_o

14202569_1256253411085442_8508049551527867256_n

 

Желбата да се слушнат и видат одблизу легендарните „Парни Ваљак“ ги донесе кавадарчани на градскиот плоштад уште на пладне додека траеше тонската проба, за потоа да се продолжи по скарите и градските ресторани.
Различен избор на музика од градските кафулиња, а галамата која доаѓаше од секаде најавуваше бурна ноќ. Точно во 20 часот, од новиот центар кон градскиот плоштад тргнаа карневалските поворки кои ги пречека толпата народ токму во срцето на нашиот град. По фантастичниот огномет, следуваше музичко загревање со македонската групација „Пурпурен цепелин“ кој само на момент потсетија на убавите рокенрол времиња, за веднаш по нив на големата сцена да се појават точно во 23 часот единствените „Парни Ваљак“. А како би го опишале нивниот концерт во една реченица!? Вака: Саат, метроном, однос со публика, вонвременски хитови, неверојатни текстови, поезија, еуфорија, лирика… ноќ за паметење. Таа саботна вечер долго ќе ја паметиме.

14053925_10154521508346579_1886363374087215212_o
04.09.2016 недела 11 часот
Кавадарчани и своите гости по втор пат во помалку од 12 часа го окупираа централното градско подрачје. На сцената време беше за најмладите. И се започна од 11 часот од новиот центар од каде се упативме кон градскиот плоштад. Тој ден горди беа родителите на своите јунаци, а бабите со солзи радосници гласно ги извикуваа имињата на своите внуци. Уште еднаш се виде креативноста на Кавадарци, на децата родени во мојот град, и желбата на нивните учителки да бидат најдобри во карневалската детска поворка. Фотографиите од овие моменти со години ќе ги красат дедовите витрини.

_DSC0194
По паузата за неделен фамилијарен ручек, финишот на годинашниот гроздобер го донесоа италјанците Tribute to Coldplay и нивната фантастична изведба на песните на еден од најдобрите бендови во светот, за потоа да следи и енергичниот настап на грчката атракција Bang La Decks во кој уживаше кавадаречката младина.

14079951_574236816092018_3466818002888589041_n

05.09.2016 некаде пред 9 часот
Кавадарци на своето место. Рутинска утринска контрола, и една мисла: Добро е, се е на свое место!
05.09.2016 некаде во ноќта

Ги испративме и најупорните гости. Време беше за нашите пет минути. И повторно, единствената стара кавадаречка калдрма, градски пазар Кавадарци, скара „Златна Рипка“… Да ги
сумираме резултатите, да ги евоцираме спомените, и уште еднаш да ја создадеме новата боемска приказна која вечно ќе трае…
До следниот гроздобер,
На здравје, и запаметете

step0001

Автор: www.vinotika.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *