Гвардиола и Мурињо сепак не се напиле чаша вино

Пеп Гвардиола вели дека не се напил чаша вино со Жозе Мурињо по дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер Сити, Шпанецот се правда дека немале време

Во пресрет на големото градско дерби, Пеп Гвардиола истака дека медиумите се тие кои го креираат ривалството помеѓу него и Жозе Мурињо, и посочи дека има голема почит кон менаџерот на „Црвените Ѓаволи”.

Шпанецот исто така истакна нема ништо против да ја прифати традицијата и да се напие чаша вино со „Специјалниот” по крајот на натпреварот доколку добие покана.

Сепак, ваквата средба не се случила, Пеп Гвардиола денеска се правдаше дека немале време.

„Не се напивме чаша вино” – вели менаџерот на Манчестер Сити.

„Имавме многу обврски по натпреварот, едноставно немавме време”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *