Научниците докажале дека и белото и црвеното вино значајно помагаат во борбата против бактериите кои предизвикуваат кариес. Научниците, во лабораторија, од виното прво го отстраниле алкохолот за да не пречи при истражувањето, а потоа во виното ги потопиле бактериите кои предизвикуваат кариес. Се утврдило дека и црвеното и белото вино врз бактериите дејствувале неповолно,односно ги уништувале. Црвеното вино,пак, било поефикасно од белото. После ова научниците од виното ги изолирале киселините, кои се покажале уште подобри во однос на бактериите.
Но, пред да ја замените пастата за заби со чаша вино, имајте на ум дека се работи за истражувања во лабораторија и за сигурноста на тврдењето треба понатамошни испитувања, порачуваат научниците.