Десетиот роденден на Вино Скоп ќе го прославиме традиционално на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, а фестивалот ќе се одржи од 28 септември до 02 октомври.
Центарот на градот Скопје пет дена ќе биде катче во кое ќе може да уживаат сите кои што сакаат да дегустираат чаша квалитетно македонско вино, но и да се забавуваат на звуците на најдобрите македонски музичари. Владо Јаневски, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски се само дел од изведувачите кои ќе настапат на јубилејното издание на „Вино Скоп“.
Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број на странски туристи кои секоја година ги има во што поголем број.
Десет години Вино Скоп ја испишува најубавата скопска есенска приказна, бидете и вие дел од фестивалот кој ги слави виното и музиката.