Во тек е годинашното издание на „Виноскоп 2016“

На плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред Македонска опера и балет, во тек е јубилејниот, десетти по ред фестивал на виното „Вино Скоп 2016“.
Сите посетители на традиционалниот фестивал до 2 октомври, недела, ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарници, како и вински коктели- сангрија и вино мохито.
Годинава на Вино Скоп ќе има музичка понуда за сите вкусови, односно ќе имаме џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно и шлагери. Свои настапи ќе имаат познати ѕвезди од домашната и од странската естрада како: Миле Кузмановски, Јаков Дренковски, Ефто Пупиноски, Владо Јаневски, Амадеус Бенд, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Иван Гавриловиќ, Џафер, Чил Плеј, Ортодокс Келтс, Лили Чили и многу други.

vino_skop_2016_5

Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен и ќе биде отворен за посетители од 12 часот, а ќе трае се до доцните вечерни часови.
Годинава на нова локација, веднаш до реката Вардар се одржува најомилената есенска приказна, а веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде што може да паркираат оние што ќе доаѓаат со возила, но секако препорачуваме сите што планираат да консумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси. И годинава плаќањето на „Вино Скоп“ се врши со фестивалски бонови, кои може да ги купите на влезовите на фестивалот.

vinoskop1

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *