Бомбардерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Лестер, Џејми Варди, не може да се доживее како обичен фудбалер, па така не се ниту обични ритуалите кои брзоногиот натпревар ги прави пред почетокот на секој натпревар.
Поголемиот дел од спортистите не импровизираат кога е во прашање исхраната која им е препишана од нутриционистот и не конзумираат ништо што негативно би влијаело врз нивниот добар баланс и нешто што не би требало да го внесуваат во својот организам.
Сепак, ваквите правила не важат и за репрезентативецот на Англија кој има многу чуден ритуал пред секој натпревар, а лесно ќе се дојде до заклучок дека истиот има негативно влијание врз неговото здравје.
Фактите пак даваат една сосема поинаква слика, затоа што тој ритуал многу му помага на Варди кој пред секој натпревар конзумира една чаша вино, три енергетски пијалоци и дупло еспресо.
„Можеби не е здраво, но тоа е традиција. Тоа го започнав сосема случајно пред стартот на еден натпревар. Самиот си кажав “ако постигнам погодок” тоа е добитаната формула. Ја затресов противничката мрежа и повеќе не го менувам овој ритуал, изјави напаѓачот на популарните “лисици”.