Чаша вино може да има корисен ефект врз лошото расположение, споредливo со оној на брзи антидепресиви.
Експерти од баптистичкиот медицински центар „Остров Вејк Форест“ во САД ги користеле животинските модели за истражување, пишува списанието. „Нејчр комуникешнс“.
Истражувачите утврдиле дека мала доза алкохол влијае врз истите биохемиски патеки во мозокот, врз кои влијаат и брзите антидепресиви, и предизвикува слични неврални и молекуларни промени. Ефектот врз животните е сличен со оној кај луѓето и трае 24 часа.
Специјалистите, сепак, предупредуваат дека откритието не треба да ги охрабрува склоните кон депресија луѓе да посегнуваат кон алкохолот како средство за лекување.
„Тоа е опасно. Границата меѓу користа и штетата е многу деликатна. Во одреден момент самолекувањето со алкохол може да се претвори во зависност“, вели Кимберли Рааб-Греам од истражувачкиот тим, цитиран од агенциите.
Тајниот рецепт за подготовка на овој мистериозен пијалак се пренесувал со генерации од колено на колено во Индија и во уште некои азиски земји. Традицијата се задржала и се почитува до ден денес.