Компанијата која што стои зад брендот “Hello Kitty” – “Sanrio”, неодамна склучи партнерство со италијанската винарија “Torti”, а производ на таа соработка е виното, кое е брендирано со славното маче.
“Оваа колекција на вино ќе донесе ново искуство за возрасните фанови на брендот Hello Kitty”, пишува на страната на винаријата “Torti”.
А, со оглед на тоа дека во светот има многу возрасни фанови на овој детски бренд, веруваме дека нема да имаат проблем со продажбата.
Линијата на производи вклучува шест видови на вино: “Rosé”, “Sweet Pink”, “Sparkling Rosé”, “Cupido”, “Charmy” и “Lady”. Цената за едно шише вино ќе се движи од 12 до 19 долари, во зависност од кое ќе го одберете.