Када полна вино за релаксација и борба против стареењето

Сега веќе пензионираниот Амаре Стадемаер во текот на својата кариера му приредил на еден американски новинар големо изненадување, откако го поканил на разговор во својот дом, и тоа во када полна со црвено вино. Стадемаер му напоменал дека ваквата купка му користела за релаксација од напорните тренинзи и натпревари. Капењето во црвено вино, или уште познато и како „винотерапија“, го користеле богатите луѓе уште многу одамна, но во Америка повторно е голем хит.
Се верува дека црвеното вино е многу корисно, посебно кога се нанесува директно на човечката кожа, а се користи во борбата против стареењето, но и како превентива против многу болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *