Кондоми за вино?

И додека научниците се мачат да измислат уберултрасупертенки кондоми што сите ќе сакаат да ги носат, решија барем да не им ветрее виното. Па создадоа вински кондоми.

 

wine-condoms-packaging1
Сериозно, не се работи за кондоми со вкус на вино, туку за функционална заштита од несакано истурање на вино, ефикасна во 99.9% од случаите (поефективна од кондомите за контрацепција).

wine-condoms-packet1

Технологијата shrink-to-fit значи дека ќе одговараат на сите големини (на шишиња), но и дека креираат практично вакуум „капак“, кој спречува не само виното да се истури, туку и да „изветрее“. Со тоа го заштитуваат и самиот консумент од пиење на бајато вино (затоа ви звучеше чудно насловот). А како бонус, и многу полесно се навлекуваат отколку оние за контрацепција.
wine-condoms1
Единствената можеби негативна страна е што изгледаат како и обичните кондоми, па фино е да ги чувате на различни места, да не случајно ги измешате при употребата. Од друга страна, вински кондоми се прав подарок за оној пријателот што се разбира од вина… под услов пријателот да Ви вреди 890 денари, колку што чинат ако ги порачате на интернет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *