По повод претставувањето на новата селекција на врвни барик-вина Private Reserve, на 28 октомври, „Стоби” приреди гала-вечер каде беше презентирана моќта на комбинацијата на вина со специјалитетите на македонскиот готвач, Влатко Огненовски.
На случувањето присуствуваше и амбасадорката на Македонија во Србија, Вера Јовановска-Типко.
Со осум јадења на традиционалната македонска кујна, подготвени на модерен начин, дегустирани се вината на „Стоби” од многубројни претставници од политичкиот и од општествениот живот на Белград.
Амбасадата на Македонија е многу задоволна кога наши компании организираат вакви случувања во Белград, но и кога компаниите од Србија успешно го претставуваат своето работење. „Стоби” е реномирана винарница што произведува квалитетни вина, за што можевме да се увериме и вечерва. Со својата работа и активности, „Стоби” ни упатува порака дека винарството е важна дејност врз која Македонија може да гради добра слика во светот, но и добри односи со Србија, рече амбасадорката на Република Македонија.
Домаќин на вечерата беше Ана Јорданова, сопственичка на винарницата „Стоби”.