Греаното вино е помеѓу највкусни топли пијалоци

Ништо не е повкусно од утринско топло кафе со арома, попладневно топло чоколадо со Нутела и жешко варено вино навечер, кога надвор температурите се блиску до нулата.

Сезоната на топли пијалаци може да ја прогласиме за отворена, токму со овие рецепти.

Ваше е да ги пробате и да го споделите вкусот и уживањето со саканите…

1. Варено вино на италијански начин (Vin brulé) – Излупете неколку сезонски овошја по желба (портокали, јаболка, круши, лимони). Ставете ги во тенџере со шеќер, цимет, ванила и зачини по желба. Ставете вода во линија со нив. Откако ќе направите сируп процедете и додадете го во 2/3 чаша загреано вино.

1
2. Топло бело чоколадо – 50g чоколадо растопете во малку млеко, па потоа додајте уште речиси полна шолја млеко. Додадете цимет, ванила или ванилин шеќер. Декорирајте со уште малку рендано чоколадо и лажица слатка павлака. Ако сакате густина, секогаш може да додадете 1 рамна лажичка пудинг од ванила.

2

3. Дупло топло чоколадо – Загрејте 1 шолја млеко и 1 шолја слатка павлака. Додадете шеќер, малку рендан портокал, додадете 200g рендано чоколадо. Мешајте додека не се растопи. Додадете 1 лажица пудинг од чоколадо. Вратете на оган и промешајте додека се згусне. Послужете со матена слатка павлака и чоколаден прелив.

3

4. Мимоза со брусница и ванила – 1/3 чаша топол сок од брусница, 2/3 пенливо вино и ½ лажичка екстракт од ванила. По желба може да додадете малку топол, растопен мед.

4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *