Иако вратите на винарската визба „Тиквеш“ се секогаш отворени за секој намерник кој сака да ужива во вкусот на виното, сепак за оние кои сеуште не успеале да ја почуствуваат најубавата македонска винска приказна, да прошетаат во подземните ходници покрај барикните буриња, и да го посетат еден од најубавите ресторани во Македонија, ова е вистинска можност да го сторат тоа.
Иако дефинитивно ќе Ви недостасува приказната која ја раскажуваат вработените во винаријата, сепак и оваа 360° виртуелна тура која е достапна на следниот линк https://tourmake.it/en/tour/a9fd2649332113cab2b34883e6c1619b нема да Ве остави рамнодушни.