Пилешко на гурмански начин

Ако сакате да подготвите пилешко на гурмански начин, еве едноставен рецепт.
Потребно е:
3 пилешки копани со под копан
5 лажици масло
50 мл бело вино
сол и црн пипер по вкус
една лаж вегета
ловоров лист
една лажица остро брашно
Подготовка:
Пропржете го месото на врело масло 5 до 6 минути па полијте го со 100 мл мешавина од вода и бело вино. Посолете, забиберете, зачинете и динстајте на тивок оган околу 30 минути со ловоров лист.
Растворете го брашното со пет супени лажици ладна вода, додадете го месото и поварете уште една минута до две.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *