Пилешко со лук и печурки во сос од бело вино

Состојки
4 пилешки копани со поткопани
2 големи печурки
Една рака суви печурки
20 чешниња лук
1 пилешка или говедска коцка за супа
1 голема чаша бело вино
1 голема чаша вода
150 грама брашно
Ќе ви треба и:

Сол, бибер и маслиново масло.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Гурмет 8 во 1 пекач.

Подготовка
Чекор 1: Земете 2 големи печурки и исечкајте ги на тенки парчиња – излупете и исечкајте го лукот.

Чекор 2: Пилешкото зачинете го и попрскајте го со маслиново масло – за подготовка на овој рецепт важно е да се одбере пилешко со коска бидејќи пилешките гради ќе се исушат доколку се готват подолго време.

Покријте го пилешкото со брашно – ова ќе го згусне сосот.

Чекор 3: Наместете го пекачот на опција Динстање (Saute) и ставете го пилешкото со кожата надолу. Вака пилешкото ќе добие поубава боја и поспецифичен вкус. Потоа додадете ги лукот и печурките. Ние користиме и сушен вргањ кој има богат вкус и ќе му даде боја на сосот.

Прелијте со бело вино и топла вода – додаваме и коцка за супа за поубав вкус и боја.

Чекор 4: Вклучете го пекачот на опција Бавно готвење (Slow cook) и покријте го капакот – оставете го најмалку 2 часа – препорачливо е дури и 3 доколку имате време.

Чекор 5: Послужете со селски леб и со ливчиња свеж магдонос.

СОВЕТ: Уживајте во овој едноставен оброк во комбинација со изладено бело вино. Богатиот сос е полн е со богат вкус, а лукот, белото вино и сувите печурки му даваат на ова француско јадење посебен карактер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *