Бронзеното време е праисториски период којшто следеше по Каменото доба и му претходеше на Железното време, кога благодарение на откритието на металургијата, човекот за првпат започнал да изработува оружја и алатки од бакар и бронза наместо од камен. Бронзената ера во југоисточна Европа започна во доцниот 4-ти и почетокот на 3-от милениум п.н.е.. Тaа е поврзанa со појавата на првите урбани населби, како и со почетоците и ширењето на Европската цивилизација.
Македонија, која е со население од само 2 милиони жители – има околу 6.000 регистрирани археолошки локалитети. Од нив, само од бронзеното време, има стотици археолошки локации расфрлани низ целата територија. 12-те кралски гробници од 6-тиот век откриени во Требениште кај Охрид, Могилата на Беранци во близина на Битола, Криви Дол во близина на Штип, Дабици во близина на Велес, и т.н., се сведоци на растот на благородништвото во Македонија во првиот милениум пред нашата ера. Кај Требениште, десетте машки гробови со нивните бронзени шлемови и мечеви, и трите женски гробови со нивниот накит, украсени со злато и златни маски (5 досега откриени), облека и керамика, не биле гробови на обични луѓе. Оваa кралска некропола која била особено богата со наоди откри неочекувано високи цивилизациски достигнувањa и влијание, развојно и културно богатство кај македонските племиња во античкиот свет. Големиот кратер за вино од бронза најден во 1930 г. во гробот 7 од некрополата, стана предмет на комплексна програма на студии и реставрација (за време на реставраторскиот престој на кратерот во Италија) која вклучи многубројни специјалисти и квалификувани професионалци со цел да се искористи оваа несекојдневна можност и да се соберат што е можнo повеќе знаења за него. Артефактот, ремек-дело на калајџискиот занает од 6-от век п.н.е. – е навистина еден од исклучително ретките антички кратери за вино (заедно со другиот најден во гробот 1 од истата некропола, украден од бугарскиoт окупатор за време на балканските војни и сега дел од колекцијата на Археолошкиот музеј на Софија во Бугарија, како и монументалниот Кратер откриен во Викс, Франција) кои преживеале до денешен ден. Меѓу ретките артефакти кои припаѓаат на оваа категорија, тој од Требениште е единствениот јавно познат Кратер кој е целоснo сочуван заедно со троножниот статив.
Покрај разните алатки, оружје, накит итн., еден посебно специфичен предмет кој е многу чест во Македонските кралски гробници е токму бронзениот кратер за вино. Tоа е длабок бронзен сад кој се користел за мешање на вино со зачини во античките времиња. Овие бронзени кратери за вино претставуваат уникатен препознатлив облик на древно-македонскoтo усовршенo зaнаетчиство и металургија, произведени во разни големини, a како основeн материјал речиси секогаш e користена бронзената легура. Најголемиот досега откриен, кој е јавно познат на модерната наука и археологија, е висок 1,63 метри и тежи 200 кг. Тој беше пронајден во Викс (Vix) во Франција, во она што се испостави дека е гроб на античка кралица. Преживеаните бронзени кратери како овој се многу ретки, a оние на кои им е познато потеклото уште поретки. Сепак, овој огромен бронзен кратер за вино од Викс не е од локално производство, и од она што досега се знае – тој во Франција бил увезен, најверојатно од aнтичка Македонија.
Модерните западни научници се уште имаат огромна тешкотија во признавањето на Македонското потекло на овие бронзени садови, бидејќи повеќето од нив cе незаконски однесени од Македонија и се дел од приватни колекции и странски музеи. Тие намерно ги опишуваат како „етрурски“, „коринтски“, „халкидички“ итн., за да им се эаметне потеклото. Hо трагите и записите за древните занаетчии и правците на трговија од крајот на архајскиот период па наваму се протегаат од Кампања и Апуља (во денешна Италија) преку Епир и Македонија. А бидејќи повеќето бронзени садови од ваков тип се наjдени токму во Македонија – заклучокот кој се наметнува е неизбежен.
Најпознатиот специјалист по ова прашање, Клод Роли (Claude Rolley), објаснува за она што може да се види од примерот со кратерот за вино најден во Aгриџенто (Agrigento, Италија), од крајот на 5-от век п.н.е.. Tој е идентичен со познатиот позлатен бронзен кратер најден во Дервени (Тесалија), кои според него: „несомнено се направени во Македонија во втората половина на 4-от век п.н.е.“. И покрај експертизата на Роли и сите тешкотии за успешно датирање и наоѓање на потеклото на еден таков озлогласен артефакт како што се украдените бронзени кратери за вино од старата ера, сите археолози и стручњаци мораат да се согласат околу една работа – дека тие најчесто се наоѓаат во Македонија, со истиот непогрешливо препознатлив стил и облик.
Oбликот, кој веднаш може да се забележи дури и од не-експертско око – е сличeн или речиси идентичeн по форма кај сите овие бронзени садови. Исто како и идентичниот калaјџиски начин на изработка: вратот и устата со овалот и брадестиот раб се споени на чучнато тело, кое е во продолжеток и со иста дебелина како работ, кои се чукани и прстенувани постепено, истенчувајќи го металот и истегнувајќи го до неговата крајна форма. Рачките и подножјето обично се прикачени на телото со меко лемење (со калај или олово) како и деловите на стативот, кои иако многу цврсто вклопени се засилени со истата техника. Деловите кои се исчезнати или оштетените делови од овие антички артефакти внимателно и без никакви додатоци се репродуцирани за време на реставрацијата, за да бидат како што беа кога се составени.
Единствената друга карактеристика којашто недвосмислено ги поврзува сите овие бронзени садови, покрај идентичниoт облик – е нивното заедничко потекло од Македонија.
Горе: Споредба на формата на различни антички бронзени кратери и слични садови:
1. Бронзена амфора од локалитетот “Црквиште”, во близина на селото Беранци, Македонија 4 век п.н.е. (Музеј на град Битола);
2. Мал бронзен кратер со нејасно потекло (Музеј на Уметноста во Бостон, САД);
3. Бронзен кратер (со исчезнат горен дел, рачки и статив) од локалитетот “Црквиште”, во близина на селото Беранци. Македонија, 4 век п.н.е. (Музеј на град Битола);
4. Два бронзени кратери од с.Требениште во близина на Охрид. Македонија, 6-ти век п.н.е. (yкрадени од Македонија за време и по Балканските војни. Едниот е сега во Србскиот “Национален” музеј во Белград, а другиот во Археолошкиот музеј на Софија во Бугарија.);
5. Бронзен фенер најден со глинена светилка внатре, украсен од двете страни со две глави на античкиот бог Пан, најден во кралската гробница 2 на древно-македонската престолнина Егеј (изложен во Музејот на кралските гробници во Кутлеш во окупираниот Беломорски дел на Македонија) Македонија, 4 век п.н.е.;
6. Бронзениот кратер од Викс (Vix), Франција 5-ти век п.н.е.;
7. Позлатен бронзен кратер од Дервени, Тесалија 3 век. п.н.е. (cпоред експертизата на Клод Роли – од Македонска изработка);
8. Бронзена ситула од археолошкиот локалитет “Црквиште”, во близина на селото Беранци, Македонија 4 век п.н.е. (Музеј на град Битола);
Како што може да се види од списокот горе – 7 од 9-те наведени јавно познати бронзени кратери и слични бронзени садови cе пронајдени во Македонија. Но многу малку од нив можат да се видат во музеите во земјата на потекло.
Уште еден бронзен Кратер, кој на кратко се појави на изложба во Музејот на Уметностa во Хјустон, на заем од Леви / Вајт приватната колекција – неодамна беше ограбен (во 1996 година) од археолошкиот локалитет во близина на селото Корешница, во јужниот дел на Република Македонија. Овој кратер , кој се смета за еден од десетте најубави артефакти во светот, бил пронаjден во средината на деведесеттите години и прошверцуван од Македонија преку таен дипломатско-воен канал. Kриминалната операција на високо-дипломатскo ниво е многу очигледнa, со оглед на тоа дека бронзениот кратер во прашање, кој во моментов cе наоѓа во приватната колекција на Шелби Вајт во САД – е висок околу 2 метри. Се мислеше дека нема докази за тоа како и кога беше откопан и изнесен од Македонија, бидејќи нема документација, нема сведоци, а сепак на интернет се појавија прецизни цртежи на делови од гробот поврзани со артефактот и опис на десетина други предмети кои потекнуваат од 6-от век