На вино кај Копола

Немаш винарница? Зошто ти се тогаш парите!

Влез во винарницата на Копола

Дека вината се ин, а разбирањето во винарство прашање на општа култура, покажува и фактот дека сè повеќе славни актери, режисери, пејачи и фудбалери купуваат виногради. Виното како производ навлегува во културолошкото милје на човекот. Луѓето што денес имаат пари да пијат добро и скапо вино имаат и специфичен однос кон виното. Односно, тоа станува еден идентитет во нивниот животен стил. Новите винари се главно луѓе што стекнале капитал од некои други бизниси, па сега се појавуваат како произведувачи на вино. Често тоа значи и покажување на статусот. Не залудно и некои светски ѕвезди имаат свои лични винарници и вина, од Жерар Депардје и Клиф Ричардс до Џони Деп.

Депардје прв почна

Славниот актер Жерар Депардје во винскиот бизнис влезе наивно, од љубов кон виното, од хоби во 1989 година. Тој беше и првото славно име од шоу-бизнисот што почна да се занимава со винскиот бизнис. И сите ѝ се чудеа на таа одлука! Но набргу скапото хоби на Депардје прерасна во вистинска винска индустрија. Денес тој поседува дури единаесет виногради низ светот, а за квалитетот на неговите вина зборуваат многубројните награди, меѓу која и престижната француска „пап шато“.
Депардје поседува дури единаесет виногради низ светот

Од викенд-куќа до винарница

Интересна е винската приказна на Франсис Форд Копола, кој во почетокот сакал само да купи куќа за одмор, и да ја „украси“ со неколку лози. Во тоа време на продажба бил легендарниот имот Ингленук, каде што се произведувало традиционално трпезно вино. Со парите заработени од филмот „Кум“, Копола ќе го купи стариот замок во Ингленук заедно со лозјата на веќе пропаднатиот производител на трпезни вина.
Винскиот имот на Копола

Во почетокот намерата беше да има вино за себе и за пријателите, но ангажирајќи врви експерти како консултанти што ќе го научат како да работи, првата тура вино испаднала фантастична и што е поважно, не станувало збор за трпезно вино, туку за добро префинето вино. Во 1995 година, ќе го откупи и останатиот дел од имотот, ќе му го врати на замокот познатиот стар изглед, а потоа ќе го преземе и името од првите основачи, додавајќи го своето презиме на етикетата. Тој чекор во винскиот бизнис ќе му овозможи приход во иста висина како и одличен хонорар земен од филм.
Туристичка атракција

Денес на имотот на Копола доаѓаат туристи, а некои тврдат дека неретко го гледаат и самиот Копола како работи на винските лозја. Прошетката низ имотот за туристи чини 20 долари, а дегустацијата на четири вида вина дури 7,5 долари. На имотот може да се купат и шишиња вино, со потпис и без потпис од Копола.

Се разбира, вторите чинат многу повеќе од првите, а ако имате среќа, може самиот тој да ви се потпише на шишето на самото место. Вината на Копола денес се славни, но тоа бездруго се должи и на добрата промоција на сопственикот. Неговите вина во продажба чинат од 7 до 17 долари, а се вбројуваат меѓу врвните калифорниски вина.

Славните и вината

По примерот на Депардје, свои лози и шишиња вина во продажба имаат и Боб Дилан, Стинг, Клиф Ричардс… Во поново време модерно е купувањето лозја и меѓу фудбалерите. Полека но сигурно освен за претставниците на филмскиот свет, винарниците стана интересни и за славните од другите јавни професии. Во март годинава модната куќа „Шанел“ ќе ѝ го претстави на јавноста виното „Карл Лагерфилд“. Воала!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *