Втор ден од вино викендот во Штип

Намалување на ризикот од остеопороза кај жените, намалување на ризикот од дијабетес тип 2, но и на ризикот од појава на деменција – ова се само дел од бројните придобивки кои кои ги нуди виното.
Во комбинација со одлична храна и музика, „пијалокот на Боговите“ создава моменти за паметење. Радио Кафе Канал 77 е мостот кој деновиве ве води до такви моменти, во рамките на манифестацијата која за првпат се случува во источна Македонија – Вино Викенд 2017!
На овој настан кој почна вчера, а завршува утре, влезот е бесплатен за сите посетители. Ако за забавата вчера беа задолжени Еквинокс, Д бек дор бенд и Ике де Кока, денеска за тоа ќе се погрижат Блу Бенд, Филип Стевановски бенд и Дани Димитровска.
В недела пак, програмата ќе ја затворат Но енд, Брас брадерс и Бени Нон стоп.

image001-696x984

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *