Студот ги „обра“ лозјата и во Бордо

Невообичаено ниските температури во последната недела од месец април и првата недела од мај нанесоа огромни штети на лозовите насади ширум Европа, вклучувајќи ја и Македонија, но и винска Франција, особено нејзиниот најважен вински регион, Бордо.
Француските винари од регионот на Бордо годинава предвидуваат загуба од 2 милијарди евра заради „масовната штета” предизвикана од мразот кон крајот на април.
Според првиот човек на синдикатот на винската индустрија во Бордо од замрзнувањето се погодени вината од регионите Коњак, Лот и Гарона и Бержерак. Тој објаснува дека процените се дека имаат загуба од околу 50%.
На ниво на целата индустрија загубата е меѓу 1 и 2 милијарди евра, а производството на вино ќе се намали за цели 350 милиони шишиња.
Ројтерс пренесува дека дел од производителите се обидоа да ги спасат своите лозја со греалки, свеќи, па дури и ветар од хеликоптери. Штетата се движи од 15 до речиси 100% кај одредени лозја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *