Шпанскиот долголетник Антонио Докампо Гарсиа, кој ја замени водата со вино, почина на 107 години, објави весникот А Бе Се.
Како што раскажа неговиот син Мануел Докампо Гарсиа, во текот на долги години, неговиот татко не ставал капка вода во устата, а секој ден со јадењето пиел до литар и пол вино. Тој пиел сепак не вино од продавница, туку направено од него самиот – без стабилизатори и конзерванси.
“Ако се произведуваа 60 000 литри вино годишно, тогаш 3 000 тој оставаше за лична употреба, истакна Докампо Лопез. Љубовта кон виното беше безгранична, додаде тој.
Антонио започнува да се занимава со лозарство и производство на црвено вино веднаш по Граѓанската војна (1936-1939 година). Подоцна тој му го посветува на виното целиот преостанат живот што му овозможило да се придржува кон толку невообичаениот, но како што тој сам тврдел корисен за него режим. Столетникот пие за првпат антибиотик кога имал … 103 години. Антонио Докампо Гарсија има четири деца, седум внуци, десет правнука и една праправнучка.