Во првите три месеци од годинава бруто добивката на винаријата Тиквеш достигна 108,2 милиони денари, што претставува зголемување за 0,6 милиони денари во однос на истиот период лани, покажува консолидираниот Биланс на успех на компанијата, објавен преку Македонската берза.
Растот на бруто добивката е резултат на зголемените приходи од продажба на домашен пазар за 16 милиони денари. Вкупните приходи од продажба забележаа минимално зголемување во споредба со 2016 година во износ од 0,7 милиони денари. Нето добивката се зголеми за 0,3 милиони денари како резултат на намалените финансиски расходи за 25%, велат од винаријата.