Темната пештера е навистина темна, а Тиквешките точакџии неуморни

Темната пештера навистина е темна, а неуморните Тиквешки точакџии освен за беспрекорната организација и навремената достава на сите информации до сите оние кои сакаат да знаат нешто повеќе, успеаа да победат во друштвените игри кои беа дел од пладневната програма.
Ова е сублимат на пладневните случувања на отворениот фестивал Алшар 2017, кои започнаа со обиколката на големата тура во која учествуваа повеќе од 20 моторџии на атв и крос мотори.

SONY DSC
SONY DSC

SONY DSC

Иако во програмата беше предвидена како факултативна и незадолжителна, посетата на Темната пештера предизвика голем интерес кај речиси сите „жители“ на кампот на Алшар. Најавеното кратко патување се покажа и повеќе од возбудливо и интересно, пред се поради тесните патеки кои го следат текот на реката опколена со високи и стрмни карпи. Дополнително влажниот терен го отежнуваше пристапот, но желбата да се стигне до пештерата, надополнето со помошта од Тиквешките точакџии кои асистираа при преминот на најкритичните точки ги однесе речиси сите до нејзиниот влез.

SONY DSC

SONY DSC

Во пештерата не пречека Илија Стамаџиев, кој е дел од организациониот одбор на настанот, но и кој има поминато многу време како дете истражувајќи ја околината на Мрежичко. Зборувајќи за пештерата меѓу другото рече дека не познава некој кој во целост ја има проучено Темната пештера и колкава е нејзината вкупна должина, колку пештерски сали има по тесните процепи кои го прекинаа нашето патување.

SONY DSC

Во фестивалската зона пак од миг во миг беше се погусто. На моторџиите кои со калта на своите миленици потврдија дека патеката утре ќе биде и повеќе од возбудлива им се приклучија и голем број на гости, кои се приклучија во забавата која ја модерираше Душко Стефанов. Во традиционалното влечење јаже, тимот на Тиквешките точакџии беше подобар од моторџиите, а организаторите доминираа и во брзо пиење на свежо точено македонско пиво.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

Во моментот за забавата е задолжен Славе Келешовски, а веднаш по неговиот настап ќе следи премиерното издание на серијалот Време за кавадаречки хумор, време за лакардиите на Паја во продукција на РТК.мк. и концерт на кавадаречката рок атракција Smoke Shakers.

SONY DSC

За потсетување, утре е централниот фестивалски ден. Точно во 10 часот, македонската автомобилска легенда, Игор Иџе Стефановски ќе го прогласи фестивалот за отворен, за веднаш потоа да започнат големата велосипедска, средната и малата велосипедска тура, големата и малата планинарска тура со планинарското друштво Орле, како и стартот на планинско маратонското трчање со Меридијан атлетик клуб. Пристигнувањето на првите учесници е предвидено за во 14 часот, по што ќе следи заеднички ручек, забава и извлекување на награди.

SONY DSC

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *