Дождот ја зголеми возбудата на Алшар

Ниту дождот кој е најголем „непријател“ на outdoor настаните, ниту пак далеку посвежото време во однос на вчерашното не успеа да ги обесхрабри учесниците на најголемата македонска авантура, Алшар – Допри го сонцето 2017. Напротив, временските (не)прилики само го зголемија количеството на адреналин и возбуда кај точакџиите и планинарите кои од сите краеви на земјата допатуваа за да уживаат во патеките кои се опкружени со планините кои ја кријат тајната за настанокот на светот.

SONY DSC

Топлите и превкусни кавадаречки пешии кои на стартно целната рамнина ги подготвуваше тимот на ресторан Ексклузив, ни најавија дека дождот не може да го расипе денот, па како минуваше времето, односно како наближуваше 10 часот, стартно целната рамнина беше се пополна со велосипедисти, планинари и гости.

SONY DSC

SONY DSC

По поздравниот говор на модераторот Дуле Стефанов, пред присутните се обрати и македонската автомобилска легенда, Игор Иџе Стефановски, кој упати честитка за организацијата на настанот, а на сите присутни им посака успешен ден. Веднаш по него, пред присутните се обрати и Живко Гурев, претседател на здружението „Тиквешки точакџии“ кој информираше дека патеката и покрај дождот е повеќе од атрактивна, но побара максимално внимание од сите учесници.

SONY DSC

SONY DSC

Веднаш по тоа, следуваше и стартот на големата тура која годинава ќе ја доживеат неколку стотина велосипедисти. Веднаш по заминувањето на велосипедистите, стартуваше и малата и големата планинарска тура за кои и годинава се задолжени членовите на планинарското друштво „Орле“. Последни од стартно целната рамнина заминаа велосипедистите кои ќе ја возат малата тура.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

За сите оние кои што решија да останат на стартната зона, беше организирана посета на пиварата на „Кожувчанка“ ДОО, каде што стручни лица во целост го објаснија процесот на производство на Македонско пиво.

SONY DSC

Во меѓувреме, забавата продолжува во фестивалската зона, каде за еден час се очекува да пристигнат и првите учесници. Потоа следи заеднички ручек, забава со локални диџеи, а за крај се предвидени и извлекувањата на наградите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *