Vinturi, најсовремениот вино аератор

Декантацијата е стара со векови и се применува за изложување на виното на воздух. Римјаните декантацијата ја правеле со часови, верувајќи дека ќе се “отвори” аромата и омекнат грубите танини.
Денеска, тие часови кои некогаш биле потребни за декантација на виното се претворени во секунди благодарение на револуционерниот Vinturi вино аератор, кој овозможува уживање во виното веднаш по отварањето.
Овој аератор работи на принцип кој течноста ја забрзува додека тече од по широкиот простор кон потесниот преку ситни дупки, со тоа што се слуша посебен звук, кој е всушност вителот на виното и воздухот. Овој звук е уникатен само за Vinturi аераторот и е знак дека тој е оригинален.
Vinturi аераторот го подобрува вкусот, букето и му дава на виното кадифен завршеток. За оние кои го консумираат редовно, разликата ќе е многу јасна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *