Летото само што започна, а со тоа и горештините. Спасот од летните температури вообичаено и годинава ќе го бараме покрај некоја водена површина, но и во чаша вински коктел.
Коктелите се одличен начин да ја изгасите жедта и да се освежите, особено ако тие се направени од свежо овошје и вашето омилено вино.
Следните рецепти ќе ви дадат идеи како да направите освежителни коктели од вино и сезонско овошје.
Коктел од јагоди и праска
Состојки:
750ml бело вино
2 праски (излупени, без семки, исечени на парчиња и замрзнати)
2 чаши јагоди (исечени на мали парчиња и смрзнати)
Начин на подготовка:
Измешајте во блендер 2 чаши вино и исечените праски.
Потоа истото направете го со јагодите и преостанатото вино.
Ставете ги двете смеси во фрижидер, вадејќи ги и мешајќи ги на секои 15 минути, сè додека не забележите дека станале помалку течни.
Наполнете ја чашата до половина со едната смеса, а потоа додадете ја другата. Декорирајте со малини, капини или парчиња друго овошје.
Белини
Состојки:
5 праски
750 ml пенливо вино
Начин на подготовка:
Излупете ги праските и отстранете ги семките.
Ставете ги во блендер и убаво измешајте.
Наполнете ја чашата до пола со смесата и додадете вино или шампањ.
Декорирајте со парче праска.
Коктел од шумско овошје
Состојки:
50g замрзнати малини, капини, боровиники…
750ml црвено вино
1 чаша лимонада
1 лажица шеќер (по вкус)
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Добиената смеса ставете ја во замрзнувач најмалку 6 часа.
Смрзнатата течност ставете ја кратко во блендер, колку да се исечка и претурете ја во чаша, декорирајќи со малини, капини, боровинки и лист нане.
Коктел од боровинки
Состојки:
750ml бело вино
4 чаши смрзнати боровинки
200g сладолед (најдобро одговара ванила)
100ml сируп (по избор)
Начин на подготовка:
Ставете ги во блендер боровинките, виното и сладоледот и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Додадете го сирупот.
Послужете во изладени чаши.
Овошен коктел
Состојки:
150g замрзнати јагоди
5 замрзнати праски
150g замрзнато грозје
2 чаши бело вино
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека на добиете хомогена смеса.
Послужете во чаша, украсувајќи со парче овошје.
Сангрија
Состојки:
300ml црвено вино
70ml бренди
70ml сок од портокал без пулпа
250g замрзнато овошје или бобинки (праски, ананас или мешавина од шумско овошје)
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека на добиете хомогена смеса.
Послужете во чаша, украсувајќи со свежо нане.