Глобалната побарувачка на вино го надмина производството, а според прелиминарните индикации, главен виновник за оваа состајба е глобалното затоплување. Си-Ен-Ен објавил сторија дека светската побарувачка за вино продолжува да се зголемува, но поради временските услови во лозарските региони намалено е производството.
Глобалното затоплување влијае на временските услови во целиот свет – вклучувајќи ги и подрачјата за одгледување на познатите сорти на грозје за производство на вино. Нестабилното време во Франција, Шпанија и Аргентина влијаело на производството на грозје е причина за неколку лоши берби во последните години. Раниот почеток на топлото време може да доведе до пребрзо зреење на грозјето.
И покрај падот на бербата на грозјето, се чини дека светот се повеќе е жеден за вино. Потрошувачката на вино во САД се зголемила за 2% минатата година, додека користењето на вино во Кина од 2009 година досега е зголемено за четирипати.
Се повеќе и повеќе мали винарии се појавуваат во САД, но нивното ограничено производство не може да биде доволно да ги задоволи потребите за вино во светот.