Денес и утре, 24 и 25 август се реализира вториот уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“, во кој завршените средношколци ќе можат да изберат од слободните места на насоките и студиските програми на 13 факултети и две академии.
Приемот на документи за вториот уписен рок ќе се вршат на истите места како и во првиот уписен рок – фоајето на Домот на културата во Штип и во наставните центри на УГД во Скопје, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Пробиштип и во Виница.
Дисперзираните студии на УГД во Кавадарци, Струмица, Прилеп, Скопје, Пробиштип, Виница и оваа година се кадровски и инфраструктурно опремени како и секоја од изминатите десет години колку што трае високо образовната дејност на универзитетот.
Во Кавадарци се врши упис на Факултетот за информатика, Земјоделскиот факултет и Факултетот за природни и технички науки. Според Конкурсот од Министерството за образование во овој наставен центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ има околу 250 слободни места. Сите студенти кои ја препознаваат својата иднина на некоја од овие популарни и доста профитабилни студиски програми, се добредојдени во наставен центар Кавадарци.
За потсетување, во првиот уписен рок за запишување на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се пријавија над 1.300 кандидати, а најголем интерес беше покажан за Факултетот за медицински науки, Факултетот за туризам и бизнис логистика, како и за Економскиот факултет.