Се е подготвено за уживање во убавината на македонското девојче

На еден ден пред официјално првиот избор од караванот за Избор на Мис на Македонија за 2017 година, се е подготвено за вистински спектакл во Елемент Кафе во Кавадарци.
За ексклузивното дружење со најубавите македонки кои во организација на модното студио Црнокак во сабота ни доаѓаат во Кавадарци ќе се наздравува со врвните вина на Винарска визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“, од кои првото е на сметка на винаријата, а за деталите кои значат перфекција задолжена е компанијата „Дуки Дасо“ која ќе подари сет од нивните ташни и аксесоари. За да нема никакви јазични недоразбирања, со нас се и нашите први соседи, едукативниот центар за странски јазици „Максима – Еду“ од Кавадарци, додека пак за цветните аранжмани и декорации стои потписот на цвеќара „Тара Зое“.
Низ вечерта во која Кавадарци ќе биде центарот на македонската мода и убавина ќе не водат Светлана Црнокрак и медиумскиот репрезент број еден во централна Македонија, Душко Стефанов, надополнети со музичката поддршка на DJ Danne Mandzikovsky…
Резервирајте маса на време во Елемент кафе, и подгответе ги Вашите сетила за целосно уживање… Се гледаме…

21074320_10210158783467857_1627761066_n

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *