Македонско вино со светски квалитет – Езимит „STARDUST VIOGNER“

Во изминатиот период, македонските винарии имаа чест да бидат домаќини на Сара Д’ Амато, консултант за вино, сомелиер и соработник на списанието „Wines“ во Торонто.
Сара Д’ Амато ја добила наградата “Топ 30 до 30” на „Ontario Hosteliery“ и е постојан промотор на локалното вино и гастрокултура. Таа работела во винските визби во Нијагара и во Франција и како сомелиер на „Four Seasons“ хотелот во Торонто. Во моментов, е дел од одборот на канадската асоцијација на професионални сомелиери.
По посетата на винаријата Езимит, прошетката низ лозовите насади и дегустацијата на виното STARDUST VIOGNER, Сара Д’ Амато, своите позитивни впечатоци ги сподели со своите читатели и многубројните фанови на Winealign.
„Полн карактер и текстура кај овој „VIOGNER“, нашироко засаден во Езимит, на топла клима. Со тропска нота и полно чувство во устата, потсетува на чилеанските вина. Добро избалансиран со пријатна густина. Одличен пример на оваа сорта со достапна цена.“ – напиша Сара Д’ Амато, која воедно е најмладата и единствената жена која ја освоила главната награда на „Canadian Renaissance Wine Tasting Challenge“во 2006 година.
Виното STARDUST VIOGNER е од едицијата „STARDUST“на винаријата Езимит, која се состои од 12 различни комплексни вкусови и ароми, застапени во Хрватска, Скандинавија, Белгија, Германија, Словачка, Чешка, Австралија и Канада.

21191279_10208081734760028_511951129_o
„Виното во Македонија се смета за култура која датира од пред 4.000 години, што го прави еден од најстарите региони за производство на вино во светот.
Природната убавина е многу важна карактеристика за Македонија, има широки долини, планини и прекрасни дестинации за одмор, се одликува со климатски карактеристики кои вклучуваат сонце – над 270 дена годишно, а климата е мешавина на медитеранска и континентална.
Лоциран во Овчеполе, Езимит е водечки извозник на македонско вино, фокусиран на еколошко винско производство. Виното на Езимит претставува голем дел од македонското вино достапно во Канада.“ – се само дел од импресиите кои Сара ги сподели на сајтот „Winealign“ по повод посетата низ македонските винарии.
Извозната стратегија и винскиот бизнис се стратешки востановен курс на делување на Езимит, со цел да се нуди на странскиот пазар најдоброто што може да се произведе во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *