Во пресрет на фестивалот на младото вино, винарската визба „Тиквеш“ го промовираше своето ново врвно вино од фамилијата на специјално одбрани вина.
Се работи за Plavec Special Selection, ново врвно вино кое за прв пат се појавува на нашиот пазар како издвоена сорта и кое несомнено ќе Ве остави без зборови.
Сортата Плавец е донесена од Далмација и успева само на одредени делови во тиквешијата, велешкото и овчеполското поднебје, а во минатото се користеше исклучиво во производството на квалитетни црвени вина.