Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да дозволи виното да биде споредено со концентриран алкохол и призна дека го пие „традиционалниот француски пијалок“ двапати дневно, пренесе радио „France Info“, цитирано од агенциите.
„Јавното здравје се соочува со беда, која се изразува преку тоа дека младите луѓе се повеќе пијат концентриран алкохол или пиво, а со виното не е така“, рече Макрон на прес-конференцијата во четвртокот.
„Лично пијам вино во текот на денот и вечерта“, рече францускиот шеф на државата. Тој додаде дека додека бил претседател, тој нема да дозволи „какви било измени за построги закони против алкохолот и цигарите“.
Дискусијата за построги закони против алкохолот започнаа во Франција во почетокот на февруари, кога министерот за здравство Анес Бузин изјави дека „производителите на вино нè тераат да веруваме дека виното се разликува од другите алкохолни пијалаци“ и „поседува голем број на корисни својства“, иако, од научна гледна точка, како и од гледна точка на јавното здравје, „да се пие вино – тоа е исто како пиењето на пиво, вотка или виски“.
Во одговор географот Жан-Робер Пит, писателот Бернар Пиво, онкологот Давид Каја и уште неколку десетици членови на француската академија објавија во весникот „Фигаро“ статија во која повикаа министерот за здравство да „престане да го демонизира виното, кое е дел од француската цивилизација“.
Уште за време на предизборната кампања Макрон се објави во заштита на традиционалниот француски пијалок и истакна дека „црвената нишка на виното поминува низ литературата, филмот и колективната свест“ на Франција и е „дел од послужувањето на јадења на трпезата по француски“.