Откако во 2004та година за прв пат започна да вози точак на брегот на Хрватска, германскиот велосипедист Пјер Бишоф 14 години подоцна повторно се враќа на Балканот, кој овој пат е дел од неговата голема Синалко турнеа која започна од германскиот град Дуизбург, а ќе заврши во Солун.
Во текот на вчерашниот ден Пјер Бишоф го посети производствениот погон на Синалко во Шабац, Србија, каде што беше пречекан од менаџерскиот тим на компанијата.
Следното застанување пред крајната дестинација, Солун, Бишоф ќе го има во вторник, 22 мај, во Кавадарци, каде што исто така ќе има можност да се запознае со целиот производствен процес на германскиот бренд Синалко, по што ќе биде примен и од градоначалникот Јанчев.
Бишоф во својата кариера има остварено бројни успеси на екстремно тешки тури, меѓу кои и Транс-Сибирската долга 9200 километри, и турата околу Америка на која со својот велосипед помина 4800 километри.