Светозар Јаневски ќе инвестира во француска винарница, со што македонскиот „крал на пијалоците“ за прв пат го шири своето влијание надвор од Македонија и регионот.
За да биде остварен овој негов уште еден амбициозен план, потребно е само во текот на јуни или јули да ја добие лиценцата од здружението на француските винари, бидејќи критериумите се строги, а истовремено „пропусниците“ се ограничени и за истите чекаат други конкуренти.
Јанаевски е претседател на УО на винскиот гигант „Тиквеш“, кој доживеа извонреден подем во последните десетина години.
„Тиквеш“ е своевиден пионер во организираниот пласман на македонско вино со амбици на извозните пазари во САД, Велика Британија, Скандинавија, Кина.
Компанијата „М-6 Еден“ во сопственост на Светозар Јаневски стана закупец на Белградската индустрија за пиво (БИП).
„М-6 Еден“на последната аукција даде највисока понуда за закуп на сите брендови на Белградската пиварница по што одборот на доверители на БИП ја прифати понудата.
Светозар Јаневски е добитник и на меѓународната награда „Креатори за столетијата“ за животно дело во претприемништвото.
Пред себе има уште еден голем предизвик, а тоа е да го преземе хрватски „Бадел“ и во своето кралство на пијалоци да ги додаде и „жестоките“.
Светозар Јаневски е еден од најуспешните македонски бизнисмени кој уште од периодот на транзитните 90-ти па се до денес успева да ја одржи својата моќна позиција, а со текот на времето и да ја зајакне.