Директорот на винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“, Ристо Милев и директорот на средното општинско земјоделско и шумарско училиште, Ѓорче Петров, Горан Велков, утре ќе потпишат меморандум за соработка.
Се очекува најголемиот производител на грозје во земјата да им овозможи на идните земјоделски техничари да обавуваат практична настава, но и да бидат во тек со најновите достигнувања во светот на обработката на лозовите насади, винарството, но и да им понуди работни места на сите оние кои ќе ги задоволат критериумите на компанијата.
Потпишувањето на договорот е закажано за во 10 часот, во просториите на училиштето.