Печурките се секогаш одлични во комбинација со вино, особено ако сте вегетаријанец или пак повеќе или помалку го избегнувате месото. Токму затоа, Ви предлагаме еден супер интересен рецепт кои ќе Ви овозможи двојно задоволство.
На загреано масло го запржуваме ситно сецканиот кромид. Додаваме дел од лукот, промешуваме додека не добие проѕирна стаклена боја. Шампињоните ги чистиме и сецкаме по желба. Ги додаваме во садот и мешаме. Нека се запржат околу 10 минути на тивко. Зачинуваме со сол и црн бибер. По 10минути го налеваме белото вино.
Оставаме да покрчка уште 10 минути на тивко со затворен капак. За тоа време го миеме, чистиме магдоносот и ситно го сецкаме. Отвараме капакот и додаваме пред крајот власец и магдонос. Уште едно благо промешување му е доволно.
Исклучуваме оганот и оставаме на топлото уште 5 минутки со отворен капак. Откако ќе испари убаво алкохолот веќе е готово.
Остатокот од лукчето попрскајте го кога е готово.
Сервирајте и послужете со врвното „Мерло“ на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“