Диего Марадона имаше свое шоу на трибините на натпреварот помеѓу Аргентина и Нигерија, по кое целиот свет го обвини славниот фудбалер дека сеуште е зависен од друга. Фудбалскиот бог заврши во болница, дури се појавуваа и одредени вести дека е во критична ситуација, затоа што во текот на натпреварот изгледаше навистина лошо, но на крајот се огласи и самиот тој за да ги спречи сите шпекулации.
„Се е во ред, адреналинот проработе. Вечервавме, јас обично сакам црвено вино, но овој пат одбрав бело, и мислам дека порад тоа не се чуствував добро на полувремето, а докторите ме советуваа да одам дома. Но, како можев да ја напуштам мојата Аргентина“, рече Марадона.
Тој во текот на ноќта неколку пати преку друштвените мрежи порачуваше дека е добро и дека не му се случило ништо, а ја повикал и сопругата да и каже дека не користел никаква дрога или нешто случило.