И годинава, повеќе од 12 илјади посетители и туристи беа дел од најголемата светска винска битка која се оддржа минатиот викенд.
Традиционалната „Битка со вино“ која во рамки на фестивалот на виното со години наназад се оддржува во шпанскиот град Аро и годинава беше меѓу најмасовните и најпосетуваните настани во рамките на фестивалот.
Според организаторот, во годинешната винска битка како „оружје“ биле употребени 70 илјади литри од божествениот напиток.