ВВ „Тиквеш“ вработува бренд, трејд и комуникациски менаџери

Винарската визба „Тиквеш“ го проширува својот тим со нови вработувања на супер атрактивни позиции.
„Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на организацијата, во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би ни се придружиле.
Доколку сте инспирирани од приказната за вино и сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот победнички тим, тогаш не се двоумете да го испратите вашето резиме“ – велат од ВВ „Тиквеш“.
Согласно огласот, се бараат бренд менаџер, трејд маркетинг менаџер и соработник за комуникации, а истиот е отворен до 8 јули.

Оглас за трејд маркетинг менаџер: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/374767/Trejd-Marketing-Menadjer/

Оглас за соработник за комуникации: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/374766/Sorabotnik-za-komunikacii/

Оглас за бренд менаџер: https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/374765/Brend-Menadjer/

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *