Многумина се збунети во врска конзумирањето на грозје до празникот Преображение и го поставуваат прашањето зошто е тоа така? Ваквата практика постои уште од востанувањето на Успенскиот пост.
„Ако некој од браќата јаде грозје пред овој празник да добие епитимија, бидејќи го презрел пропишаното правило, на тој начин да привикнат и другите да го почитуваат правилото на светите отци… ова правило важи и за смоквите…“, објаснува свештеникот на МПЦ-ОА од Кочани, Димитар Арсовски.
Тој додава: „Грозјето како плод го симболизира Преображението на Христос (metamorphosis, μεταμόρφωσης). Симболиката е следната: како што од семка станува плод, од плодот се прави вино, за на крај виното на самата Света Литургија да се преобрази во вистинска крв на самиот Христос со која ние се причестуваме и стануваме заедничари.
Што се однесува до смоквите имам сретнато податок дека тие се благословуваат бидејќи според запишаното во Светото Писмо, на Велики понеделник Христос ја проколнува неплодната смоква.