Дваесет и пет години филмска кариера, и исто толку време Леонардо Ди Каприо ја бараше круната од филмската академија, секогаш блиску, но и толку далеку од најголемото достигнување во светот на филмската уметност, Оскарот.
Конечно, на 28 февруари 2016 година кралот беше крунисан со оскарот за најдобра машка улога.
Но, она што можеби за Леонардо малкумина го знаат е податокот дека тој е голем љубител на вино. За себе ќе каже дека сака друштво и луѓе со позитивна енергија, но до себе секогаш има и луѓе кој се консументи и познавачи на добрите вина.
„Еден ден, како и многумина мои колеги ќе уживам во долгите прошетки по моите лозови насади“ – ќе каже во една пригода еден од омилените филмски ликови во последните две и пол децении.
Автор: Душко Стефанов – Боемот