Славни кои имаат вино од сопствени лозови насади

Со својата магија, моќ да заведува и да носи радост, виното отсекогаш го привлекувало вниманието. На неговата моќ не се имуни ниту познатите кои посакуваат да создадат свои вино кои ќе ги претставуваат нивните карактеристични особини. Многу од нив веќе имаат создадено сопствени брендови на вино, но многумина од нив сеуште купуваат лозови насади од кои сакаат да направат сопствени вина.
Прв во редицата славни имињата е Антонио Бандерас кој е косопственик на лозје во родната Шпанија. Во март 2009 година, Бандерас купи 50% од лозовите насади во северниот дел на Шпанија, на површина од 250 хектари. Лозјата на Бандерас се наоѓаат на бреговите на реката Дуро, локација која е позната по одгледувањето на винските сорти грозје.

ANTA_BANDERAS_S_L_-winery4

Мадона веќе оддамна има свое вино кое претпоставувате, се вика „Мадона”. Производството на вината на Мадона се подобрува со лансирањето на 5 видови на вина достапни од 5 сорти меѓу кои Пино Ноар, Шардоне и Каберне франк, за кои е задолжен лично татко и на Мадона, Тони Чичоне. Овие вина, едноставно наречени „Мадона” беа понудени на пазарот на крајот на 2006 година. Се разбира, таа нема директен контакт со производството на вино

76381-750

Фронтменот на Simply Red, Мик Хакнал е сопственик на брендот сицилијански вина, што тој го нарекува Il Cantante. Со помош на Салво Фоти решив производството на вино да ми биде нова окупација. Во еден од своите говори, Хакнал вели дека идејата на овие вина е да покажат почит кон сицилијанската вина.

ilcantantemick

Стинг на својот имот во Тоскана, на почетокот на својата винска „кариера“ започнал со производство на „само” 30тина илјади шишиња вино наменети за британскиот пазар и за пазарот во САД. Освен со лозарство, Стинг се занимава и со производство на органско овошје, зеленчук, маслиново масло и мед, без третмани и пестициди. На лозовите насади на Стинг најзастапени се сортите Мерло и Каберне од чие грозје беа направени првите вина.

header_il-palagio

Роберто Кавали дури има и своја фејсбу страница за своите вина. Како што пишува на неговата фејсбук страница, неговото вино е мешавина од Мерло, Каберне Совињон, Каберне Франк, Петит Вердо и Аликанте Бускет. Вино созрева за околу 18 месеци во мали дабови буриња, а потоа уште 12 месеци во шише, по што оди на продажба. Секоја година, дизајнот на шишето е различен.

20150215_cavalli_net
Се разбира, можноста да има свој вински бренд не може и не смее да ја пропушти Парис Хилтон. Пакувањето на нејзиното вино Рич Просеко е во лименка. Самиот факт што виното е во лименка е чуден, иако постојат натписи дека и Френсис Форд Копола го пакувал своето вино во лименка, но истото го продавал за само 2 долари.

Marketing

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *