Koнзумирањето вино може да го спречи зголемувањето на вашата тежина, тврдат научниците. Сега тргнете го на страна џусот и наточите си една часа вино.
Едно истражување тврди дека виното може да ви помогне во одржување на вашата тежина. Не станува збор за конзумирање на едно шише вино дневно, туку всушност за скромно конзумирање од една чаша на ден.
Доказите се импресивни. Истражувачите внимателно проследиле околу 20.000 жени со нормална тежина, во тек од 13 години.
Во меѓувреме, жените што пиеле чаша до две црвено вино на ден биле со 30% помалку шанси да се здебелат, отколку оние што не пиеле.
Виното е богато со антиоксиданси кои го намалуваат холестеролот и крвниот притисок. Конзумирањето алкохол го поттикнува телото да согорува калории, но да не заборавиме дека и самиот алкохол ги содржи истите.
Пример, виното содржи 125 калории во 0,14 l. вино. Затоа и прекумерното пиење може да ја зголеми вашата тежина.
Исто така, жените имаат помало количество на ензим што го метаболизира алкохолот отколку мажите. Жената со една чаша вино може повеќе да согори од машкиот организам, со тоа што нему не му треба толку снага за да согори, додека женскиот организам треба дополнително да го произведе тој ензим.
Значи, чаша вино со здрава диета и вежбање е навистина пат кон поздрав живот.
Вреди да се проба зар не, и поради фактот дека виното го продолжува животот….