Ниту годинешното издание на Винодонија нема да помине без присуството на странските винарии кои ќе ни ја доловат разликата помеѓу она што го правиме дома и она што е тренд низ светот.
На Винодонија 2018 на 23-ти и 24-ти Ноември од Словенија ќе пристигне фамилијарната Пуклавец винарија која е една од најпознатите и најстарите брендови во Словенија. Се наоѓа во регионот Љутомир-Ормож, кој што со своите топли денови и студени ноќи овозможува совршени микроклиматски услови за елегантни, минерални и балансирани вина направени со бескомпромисно и страстно внимание до секој детаљ.
Пробајте ги нивноте пенливи вина како и купажата Совињон Блан & Фурминт, Пино Гриџо и Каберне Совињон и Мерло, во хотел Мериот Скопје.
Споделете ја Вашата винска страст!